Не му доаѓа памет

Бендтнер му скршил вилица на таксист

објавено: 10 септември 2018 - 20:45

Поранешниот напаѓач на лондонски Арсенал и се уште актуелен дански репрезентативец, Никлас Бендтнер, е обвинет за напад на таксист во неговиот роден град Копенхаген.

Инцидентот се случил во саботата. Еден локален таксист, кој работел за локалното „ДанТакси" пријавил напад во полиција, при што лично го пријавил 30-годишниот Бендтнер како напаѓач. Таксистот бил примен во локалната клуника, каде му била дијагностицирана фрактура на вилицата. Полицијата не ја коментираше вмешаноста на играчот во нападот.

Бендтнер сега е дел од норвешки Розенборг, а за репрезентацијата има одиграно 81 натпревар и постигнато 30 голови.

Најново во Меѓународен Фудбал