ПОВИК ОД ПИРИНЕИТЕ

Бен Арфа доби урнебесна понуда од француски клуб

Хатем Бен Арфа, конечно, е слободен фудбалер и може да премине во било кој клуб. Почнаа да пристигнуваат понуди, а меѓу тие е и една од аматерски клуб

објавено: 30 јуни 2018 - 09:41

Поранешниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа е слободен фудбалер откако му истече договорот со Пари Сен Жермен, а додека ги чека понудите, е на висински подготовки на Пиринеите со аматерскиот клуб УС Кастетис-Гоз.

А токму овој клуб му дал понуда на 31-годишниот фудбалер да остане во нивните редови. Понудата е 800 евра месечно плус бонуси: 20 евра за секој гол, 25 евра за асистенција и 30 евра ако успее да го испровоцира противникот и изнуди црвен картон.

Со тоа, очекувано, би станал најскапиот фудбалер на клубот кој се натпреварува во регионалните дивизии.
Бен Арфа заработуваше нешто помалку од 9,5 милиони евра годишно во ПСЖ каде не играше, а пред тоа беше еден од главните играчи во Ница. Играше и за Њукасл.

Најново во Меѓународен Фудбал