„ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ СО МАКСИМАЛНИ ДЕВЕТ БОДОВИ

Белгија не се плаши од никого! Ја „суреди“ и Англија

Јанузај погоди во 51 минута, гол кој беше доволен за триумф над „Гордиот Албион“

објавено: 28 јуни 2018 - 21:56

Белгија како првопласирана селекција заврши во групата Г, откако во директен дуел против Англија славеше со 1:0. Андан Јанузај го даде единствениот гол вреден за победа во 51 минута, во мечот кој се предвидуваше дека никој нема да сака да го добие. 

Со овој триумф, Белгија заврши со максимални девет бода во групата, додека Англија остана на шест бода. Во оваа група тунис заврши како третопласиран со три бода, откако вечерва со 2:1 славеше над Панама, која е последнопласирана во Г групата. 

Најново во Меѓународен Фудбал