ПОБЕДАТА ОБЕЗБЕДЕНА ВО ПРВИТЕ 15 МИНУТИ ОД МЕЧОТ

Бејл и Асенсио за „кралски“ триумф против Рома (ВИДЕО)

Во рамките од Интернационалниот шампионски куп на натпреварот одигран во Њу Џерси, шпанскиот клуб со 2:1 доцна синоќа ја совлада римската „волчица".

објавено: 8 август 2018 - 10:30

„Кралевите" ја завршија работата уште во првите 15. минути од мечот кога постигнаа два гола, најпрвин уште во втората стрелаше Асенсио во мрежата на Олсен после асистенцијата на Бејл, а Велшанецот го постигна вториот погодок во 15-та мин. по додавањето на Карвахал.

Рома на „МетЛајф" стадионот успеа само да го ублажи својот втор пораз во ова престижно натпреварување преку холандскиот интернационалец Стротман.

За актуелниот шампион на Европа новата сезона ќе стартува на 15. август со натпреварот од УЕФА Суперкупот против Атлетико Мадрид.

Од друга страна, калчолигашот четири дена подоцна ќе го игра првото коло во Серија А против Торино на гостински терен.

Најново во Меѓународен Фудбал