ОБЕСШТЕТУВАЊЕТО ЗА ФРАНЦУЗИНОТ Е 100 МИЛИОНИ ЕВРА

Барселона не се откажува: После Видал, доаѓа Пол Погба!?

Каталонците со менаџерот на играчот се договорија во врска со личните услови и платата

објавено: 6 август 2018 - 08:21

Да потсетиме, Барселона го доведе Чилеанецот Артуро Видал од Баерн за 30 милиони евра, но Каталонците не се откажаа од Пол Погба.

Наскоро завршува летниот преоден рок, па се очекува до среда да има одговор од страна на Манчестер Јунајтед околу услугите на францускиот репрезентативец.

25-годишниот играч од средниот ред во дресот на „црвените ѓаволи" има 57. одиграни натпревари и 11. постигнати голови.

За денеска се очекува промовирањето на А. Видал како нов фудбалер во составот од „Камп Ноу" со потпишан три-годишен договор.

Најново во Меѓународен Фудбал