ТОА ШТО НЕ ИМ УСПЕА ЛЕТОВО, ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНО СЛЕДНАТА ЗИМА

Барса „проект“ 2019: Рабио и Де Јонг свежа крв на „Камп Ноу“! (ФОТО)

Каталонците во намера да претстават сериозна инвестиција за идната на клубот.

објавено: 5 септември 2018 - 17:30

Барселона во текот на летниот преоден рок се обидуваше да ги доведе Адриен Рабио и Френки Де Јонг, двајца талентирани играчи за врска, но не успеа.

Но, тимот од „Камп Ноу" нема намера да се откаже од нивните потписи. Францускиот репрезентативец Рабио заедно со Серхио Бускетс и Иван Ракитиќ би биле носители на играта.

Според најавите, 30-годишниот фудбалер на шпанската селекција, Бускетс веднаш после репрезентативните обврски, се очекува да потпише нов договор со Барса кој би траел до 2023. година со излезна клаузула помеѓу 200 и 500. милиони евра и дека платата ќе му биде зголемена.

За Де Јонг ова е втора сезона во првиот тим на Ајакс и во сите натпреварувања забележа веќе 37 настапи со еден постигнат гол.

Има договор со холандската екипа до 2022. година, а од друга страна две години повозрасниот Рабио има далеку позначаен стаж во сениорскиот фудбал. Ова му е веќе седма сезона во ПСЖ, но евидентно е дека е „гладен" за поголеми предизвици.

Најново во Меѓународен Фудбал