ни манчестер сити, ни ливерпул, ни ПСЖ

Барса е прв трошаџија: Каталонците потрошиле 430 милиони евра

Според пресметките направени за потрошените пари во последниве 12 месеци, шпанскиот првак е на чело на листата

објавено: 26 јули 2018 - 18:30

Минатото лето Барселона доби 222 милиони евра од трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен и на тој начин ја наполни клупската каса. Сепак тие пари не само што не се задржаа долго во тимот од „Камп Ноу“, туку беа потрошени многу повеќе. 

Според направената статистика, Барселона во изминативе 12 месеци има потрошено дури 432 милиони евра без бонусите. Со тоа, каталонците се на првото место на листата, пред Манчестер Сити (387 милиони евра), ПСЖ (373 милиони евра) и Ливерпул (350 милиони евра). 

Последно големо засилување на Барселона е Бразилецот Малком, за кого беа потрошени 41 милиони евра. Претходно беа дадени 35,9 милиони евра за Ленгле и 31 милиони евра за Артуро. Лани во летниот преоден рок беа дадени 105 милиони евра за Осман Дембеле од Борусија Дортмунд и уште 120 милиони евра за Филипе Кутињо од Ливерпул. 

За Паулињо, Нелсон, Семедо, Марлон, Деулофеу и Мина беа искеширани дополнителни 99 милиони евра. Барселона едноставно не мирува кога се работи трансфер периодот и постојано носи нови играчи. 

Најново во Меѓународен Фудбал