ЖЕЛБИТЕ СЕ ЕДНО, НО РЕАЛНОСТА Е ПОИНАКВА

Азар во Реал Мадрид = невозможна мисија

Веќе две години трае сагата околу евентуалното доаѓање на Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу“, но многу веројатно ни ова лето нема да се случи ништо

објавено: 26 јули 2018 - 21:50

Веќе две години трае сагата околу евентуалното доаѓање на Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу", но многу веројатно ни ова лето нема да се случи ништо. Според најавите, Челзи и Реал Мадрид повторно нема да се договорат околу евентуалниот трансфер, а нормално причина се парите. 

Англискиот премиерлигаш најави дека нема да го пушти својот најдобар играч за сума помала од 200 милиони евра. Од Реал се ценкаат и најавуваат дека не планираа да потрошат повеќе од 130 милиони евра за доведување на Азар. 

Актуелниот договор на Азар со тимот од „Стемфорд Бриџ“ е до 2020 година, а челниците на Челзи се подготовени да му ја зголемат неделната плата на 340.000 фунти. 

Најново во Меѓународен Фудбал