МЛС лигата има нов рекордер по посетеност

Атланта за две години стана најгледан тим во МЛС лигата!

Минатата сезона, просечната посетеност на мечевите на Атланта беше 48.200, а оваа година просечно нивните средби ги гледаа и 50.000 гледачи по натпревар. За само две години, Атланта стигна до врвот на МЛС.

објавено: 15 ноември 2018 - 22:30

Во неделата вечер, тимот на Атланта Јунајтед беше домаќин на Њујорк во натпревар од полуфиналето на плеј-офот во Источната конференција на МЛС лигата. Дуелит го следеа рекордни 70.706 гледачи, што е најдобра посетеност на плеј-оф меч во историјата на МЛС лигата.

Оваа огромна посета изгледа како вистинска аномалија за тим кој игра само втора година во МЛС. Публиката собрана на стадионот во неделата помогна Атланта да стигне до 1 милион продадени билети за оваа сезона. Овој преседан ја стави Атланта во редот на тимовите кои имаа најдобро деби во професионалниот американски фудбал. 

Долго време, Сиетл важаше за најгледаниот тим во лигата. Сиетл стигна до бројка од над 40.000 луѓе во просек на  натпреварите во последните седум години. Ниту еден друг тим не стигна бројка од 33.000. Минатата сезона, просечната посетеност на мечевите на Атланта беше 48.200, а оваа година просечно нивните средби ги гледаа и 50.000 гледачи по натпревар. За само две години, Атланта стигна до врвот на МЛС.

Најново во Меѓународен Фудбал