повторно меси е на удар на критики во родната земја

Аргентинците се бесни на „невидливиот“ капитен

„Капитенот повторно беше отсутен, играше лошо, само се појави на мечот, а на крајот си замина со наведната глава гледајќи во земја“, стои во дел до пишувањата на аргентинските медиуми, по синоќешниот пораз од Хрватска

објавено: 22 јуни 2018 - 08:00

Аргентинците уште не може да се соземат од шокантниот пораз од Хрватска на Мундијалот во Русија. „Коцкестите“ го растурија некогашниот светски првак со 3:0 и сега тимот на Лионел Меси и дружината има минимални шанси да ја помине групната фаза. 

Токму Меси од кого се очекуваше да биде лидер на оваа генерација на Аргентина, никаде го немаше на теренот, а во текот на целиот меч имал само 20 допири со топка. Кога капитенот има таков ефект, јасно е дека критиките ќе одат на негова сметка. 

„Капитенот повторно беше отсутен, играше лошо, само се појави на мечот, а на крајот си замина со наведната глава гледајќи во земја", стои во дел до пишувањата на аргентинските медиуми, по синоќешниот пораз од Хрватска.

Во анализите се вели дека е точно дека Меси нема со кого да игра како што тоа до прави во Барселона и дека Дибала и Павон доцна влегле во игра. 

„Сите гледаат во него и чекаат тој нечто да направи, Но, Меси едноставно како да се изгаси, а со него и репрезентацијата. Сите знаеја дека оваа репрезентација може да направи нешто на СП, само ако нејзината десетка биде добра. На првите две средби тој беше незабележлив“, стои во анализата на аргентинските медиуми. 

Престижниот весник „Оле“ предупредува дека говорот на телото на Меси покажува дека тој едноставно се откажал. “Не се заминува од теренот со главата доле и поглед во земјата. Тоа е недозволиво за сите, а не па за капитенот на тимот. По мечот беше меѓу првите кои отидоа кон соблекувалните“, пишува „Оле“.

Ако сака да ја помине групната фаза, на Аргентина сега и останува во третото коло да ја победи Нигерија, но и да очекува киксови на Исланд. 

Најново во Меѓународен Фудбал