СЕ ЧУДИ ШПАНЕЦОТ МАРКОС АЛОНСО

Зошто некој би го одбрал Баерн пред Челси?

Баерн Минхен продолжува да преговара со Челси за младиот Калум Хадсон-Одој, а неговиот соиграч Маркос Алонсо не гледа логика во трансферот

објавено: 11 јануари 2019 - 17:30

Шпанецот се чуди како може некој да преговара со Баерн кога е веќе во Челси. 18-годишниот Калум го заинтересирало понудата на Баерн и им порачал на раководните луѓе на Челси да ја разгледаат.

Калум е добар фудбалер, но уште е млад. Тој треба да биде трпелив затоа што ќе дојде неговото време во првиот тим на Челси. Располага со се што треба да прерасне во страшен играч. Но зошто Баерн? Челси е голем клуб, а Премиер лигата е најинтересното првенство во светот. Не разбирам зошто некој би отишол во Баерн Минхен?", за запраша Алонсо.

Најново во Меѓународен Фудбал