ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА ВО КОНТАКТ СО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Зидан со четири „желби“ ако го замени Мурињо!

Сезонава не започна најдобро за „црвените ѓаволи", па веќе се шпекулира заминување на португалскиот менаџер Жозе Мурињо.

објавено: 10 септември 2018 - 14:30

Доколку тоа се случи, британските медиуми шпекулираат дека во клубот веднаш би пристигнал францускиот стручњак Зинедин Зидан.

Французинот е без функција од крајот на минатата сезона кога одлучи да го напушти Реал Мадрид после три европски круни по ред.

Се почесто го гледаат како наследник на Мурињо на „Олд Трафорд", тоа го посакуваат и навивачите кои сакаат нова свежина, но и уште поважно поофанзивен фудбал.

Како што информира „Мирор", Зизу веќе доставил листа до челниците на Јунајтед, играчи кои би сакал да ги има во својот состав ако го замени Мурињо.

На тој список се наоѓаат играчот за врска во Реал, Тони Крос, потоа фудбалерот на Баерн, Тиаго Алкантар, па Џејмс Родригез кој како позајмен играч од мадридскиот гигант игра во германскиот шампион, како и напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Најново во Меѓународен Фудбал