ПОСЛЕ ОЧАЈНИОТ НАСТАП НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ СО БРАЈТОН

Во право си, Жозе: Класата не се купува со пари! (ВИДЕО)

Се одиграа уште три натпревари од второто коло во најсилното англиско фудбалско првенство, каде што Манчестер Јунајтед овојпат ги разочара своите навивачи.

објавено: 19 август 2018 - 21:15

После тешкиот триумф на стартот од сезоната во Премиерлигата, денеска избраниците на Жозе Мурињо потфрлија и загубија на гостувањето кај Брајтон.

Серија погодоци уште во првото полувреме, за период од 120 секунди Мареј и Дафи се погрижија за веќе изненадувачка предност од 2:0.

Белгискиот интернационалец во дресот на „црвените ѓаволи", Лукако намали во 34-та, а непосредно пред паузата за 3:1 од пенал стрелаше Грос.

Се што успеаја гостите е само да го ублажат првиот пораз сезонава преку францускиот репрезентативец (90+5) кој што беше сигурен реализатор од белата точка.

Во една прилика Жозе Мурињо пред медиумите изјави дека Сити може да ги купи најдобрите играчи на светот, но парите не можат да ја купат класата. Воедно додаде дека еден „добар филм" може да се направи и без омаловажување на ривалот.

На ваквите „критики" одговори шпанскиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој го споделува истото размислување:

„Не може да се купи класа, се согласувам со Жозе. Мислам дека имавме една неверојатна ланска сезона, имаше камери и тоа сами го направивме. Не се согласувам дека некој е омаловажен. Тоа не беше нашата намера. Ние сме само клуб кој се обидува да расте како и сите големи клубови на светот, да освојува титули, го направивме тоа само за нашите навивачи и да покажеше што се случувало внатре во соблекувалната. Но, тоа е мислењето на Жозе, на едни можеби им се допаѓа, на други не. Едноставно е. Но, секако го делам неговот мислење дека класата не може да се купи. "

На претходните два меча од неделната програма, Вотфорд славеше кај Барнли (1:3), а бранителот на трофејот Манчестер Сити на својот „Етихад" со 6:1 го декласираше Хадерсфилд.

Најново во Меѓународен Фудбал