КАКО ПОМИНА ПРВОТО КОЛО ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА - СЕЗОНА 2018/19

Уживај Челзи во „Сари-Системот“: Ливерпул до 500. победа во Премиерлигата!

В недела се комплетираше стартната рунда во една од најквалитетните фудбалски лиги во светот.

објавено: 13 август 2018 - 18:00

Шампионот тргна со победа во одбрана на титулата, Манчестер Сити го освои „Емирати" стадионот и триумфираше со 0:2

Челзи со новиот менаџер Сари кој го наследи Конте се очекува да биде уште подобар, Сари е вистински мајстор кога станува збор за тактика.

-ПОМАЛКУ ЧУДНО, НО ДОСТА ЕФЕКТИВНО ЌЕ ДЕЛУВААТ ЛОНДОНСКИТЕ „СИНИ"-

Новото летно засилување Жоржињо дебитираше со гол, и не згреши управата што го ангажираше ова лето. Сари не му даде шанса на Ковачиќ, додека Еден Азар го пушти да одмора се до 15. минути до крајот на мечот. Но, и тоа беше доволно да му асистира на Педро.

Тргна Италијанецот со формација 4-3-3 и релативно брзо неговите играчи го искористија периодот на добра игра и иницијатива. А стрелец, помалку неочекувано беше Нголо Канте кој го искористи центаршутот на Вилијан.

-ВНИМАВАЈТЕ И НА „ЦРВЕНИТЕ" ОД ЕНФИЛД, ЛИВЕРПУЛ СО КЛОП ДО 500. ПРЕМИЕРЛИГАШКА ПОБЕДА-

Само четири екипи успеале во Премиерлигата да дојдат до оваа фантастична бројка.

-МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (630)
-АРСЕНАЛ (544)
-ЧЕЛЗИ (538)
-ЛИВЕРПУЛ (500)

Премиерлига (2018/19)
1. коло, резултати:

10. август, петок

Манчестер Јунајтед-Лестер 2:1 (Погба 3 пенал, Шо 83/Варди 90+2)

11. август, сабота

Њукасл-Тотенхем 1:2 (Жозелу 11/Вертонген 8, Али 18)
Борнмут-Кардиф 2:0 (Фрејзер 24, Вилсон 90+1)
Фулам-Кристал Палас 0:2 (Шлуп 41, Заха 79)
Хадерсфилд-Челзи 0:3 (Канте 34, Жоржињо 45 пенал, Педро 80)
Вотфорд-Брајтон 2:0 (Перејра 35, 54)
Вулверхемптон-Евертон 2:2 (Невер 44, Хименез 80/Ришарлисон 17, 67)

12. август, недела

Ливерпул-Вест Хем 4:0 (Салах 19, Мане 45+2, Стариџ 88)
Саутемптон-Барнли 0:0
Арсенал-Манчестер Сити 0:2 (Стерлинг 14, Силва 64)

ТОП СТРЕЛЦИ, Премиерлига 2018/2019:

Мане (Ливерпул), Перејра (Вотфорд), Ришарлисон (Евертон) 2 голови...

-ДЕФИНИТИВНО ОЧЕКУВАМЕ ДАЛЕКУ ПОИНТЕРЕСНА СЕЗОНА, СИТИ, ЛИВЕРПУЛ, ЧЕЛЗИ...

„Граѓаните" предводени од менаџерот Пеп Гвардиола не само што ја чувствуваат тежината како бранители на трофејот, веќе се свесни уште после овој прв викенд дека има далеку посилна конкуренција за врвот.

Ливерпул кој  доста се засили летово, Челзи ќе биде тешка мисија за секого, но секако нема да ги исклучиме ниту останатите како на пример Тотенхем, а изненадувања секогаш се појавуваат...

Возбудувањата ќе продолжат на 18. август, токму тој ден е дербито на „Стемфорд Бриџ" Челзи против Арсенал, а наредниот ден Манчестер Сити ја има фаворитската улога против Хадерсфилд...

Најново во Меѓународен Фудбал