АРГЕНТИНЕЦОТ НА ПОЗАЈМИЦА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

„Скај Спорт“: Игуаин е нов фудбалер на Челзи! (ФОТО)

Како што пренесува италијанскиот „Скај Спорт", Гонзало Игуаин од денеска е нов напаѓач на Челзи.

објавено: 17 јануари 2019 - 09:25

Изминатите денови многу се шпекулираше околу тоа дали Аргентинецот ќе ја промени средината, а по се изгледа дека вчерашниот натпревар во Суперкупот на Италија против Јуветус му беше и последен за Милан.

Споменатиот извор вели дека Јувентус (од каде што е на позајмица на „Сан Сиро") и Челзи ги договорија деталите Аргентинецот до крајот на сезоната како позајмен да игра на „Стемфорд Бриџ".

Секако, екипата и нејзиниот сопственик Роман Абрамович ќе го имаат правото за откуп на неговиот договор од „Старата дама" доколку бидат задоволни од учинокот на фудбалерот.

Менаџерот на лондонските „сини", Маурицио Сари на овој начин ја оствари големата желба која ја има уште од минатото лето. Игуаин во првиот дел од сезоната одигра вкупно 22 мечеви во дресот на „росонерите", со биланс од осум голови и три асистенции.

Најново во Меѓународен Фудбал