Вториот човек на С. Арабија нуди богатство за „ѓаволите“

Саудискиот Принц тргнува во обид да го купи Манчестер Јунајтед!

Вториот човек по кралот на Саудиска Арабија, сака да започне со преземање на Јунајтед, доколку успее да ги убеди сопствениците од семејството Глејзер да му го продадат управувачкиот пакет во клубот.

објавено: 16 октомври 2018 - 16:05

Мохамед бин Салман, кој е крунисан за принц на Саудиска Арабија изрази подготвеност да го купи тимот на Манчестер Јунајтед. Како што пренесоа англиските изданија, вториот човек по кралот на Саудиска Арабија, сака да започне со преземање на Јунајтед, доколку успее да ги убеди сопствениците од семејството Глејзер да му го продадат управувачкиот пакет во клубот.

Престолонаследникот на оваа блискоисточна земја сака да направи свој белег во глобалниот фудбалски свет и во Јунајтед гледа совршен клуб со кој ќе успее да се промовира на фудбалската карта.

Компанијата на принцот во Саудиска Арабија или државниот суверен фонд за богатство, може да му дадат предлог на семејството Глејзер, да ги купат нивните акции во клубот, кои имаат сегашна вредност од 3 милијарди фунти .

Сепак, мора да се нагласи дека семејството Глејзер досега нема изразено желба да го продаде клубот.

Најново во Меѓународен Фудбал