ШПАНЕЦОТ ВЕРЕН НА ЛОНДОНСКИТЕ „СИНИ“

Сари не е Конте: Педро во Челзи до 2020 година!

Како што соопштуваат од премиерлигашкиот клуб, шпанскиот фудбалер го продолжи договорот

објавено: 3 август 2018 - 11:58

На барање на новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари, Педро Родригез ќе остане до 2020. година.

Педро кај претходниот менаџер Антонио Конте беше во втор план, предност имаа Еден Азар и Вилијан, но сега се очекува Сари да му даде поголема улога иако е силна конкуренцијата.

Во 2015. година дојде од матичната барселона и досега за „сините" од Лондон има 28 голови од 131. натпревар.

Со каталонската екипа освои се што можеше, а во Англија по еднаш ги покори Премиерлигата и ФА Купот.

Најново во Меѓународен Фудбал