ОТКАКО ЗАРАБОТИ ЦРВЕН КАРТОН ПРОТИВ ВЕСТ ХЕМ

Руни им се извини на соиграчите: Згрешив со проценката за стартот!

објавено: 29 септември 2013 - 08:59

Капитенот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни им се извини на соиграчите за црвениот картон против Вест Хем и фактот дека ги остава на цедило, откако непромислено опасно стартуваше над Стујарт Даунинг, потег кој ги разгневи навивачите на „црвените ѓаволи“, кои веднаш побарааа да му се одземе капитенската лента.

Одлуката е исправна. Јас видов како фудбалерот на Вест Хем оди во контранапад и сакав да го сопрам, но направив грешна проценка. Не сакав да го удрам на волеј. Не сакав такво нешто, но на мојот старт, тој ми избега и изгледаше како мој волеј врз него, па судијата оправдано ме исклучи. Јас им се извинив на соиграчите и мислам дека сите знаеа дека згрешив. Секогаш е тешко кога играте со играч помалку, а јас сум благодарен што тие издржаа до крајот“, напишал Руни.

Руни поради ваков старт сега се соочува со поголема казна од еден меч за црвениот картон, која наскоро ќе треба да ја одреди дисциплинската комисија на Премиерлигата.

Најново во Меѓународен Фудбал