„КРАЛЕВИТЕ“ БАРААТ ИЗЛЕЗ ОД РЕЗУЛТАТСКАТА КРИЗА

Реал Мадрид во итна акција, понудени 100 милиони фунти за Ериксен!

Европскиот и светски шампион направи првични чекори со цел да го ангажира Кристиан Ериксен од Тотенхем наредното лето.

објавено: 8 јануари 2019 - 09:50

Според британските медиуми првите луѓе на Реал Мадрид се подготвени да одвојат 100 милиони фунти за услугите на данскиот интернационалец.

26-годишниот играч има договор со премиерлигашкиот клуб до 2020. година, а досега нема никакви најави за продолжување на соработката.

Постои опција „кралевите" за Ериксен да го понудат Иско, плус пари, но прашање е како тоа ќе одговорат Англичаните. Оваа сезона Данецот има одиграно 18 натпревари во Премиерлигата со учинок од четири постигнати голови и седум асистенции.

Менаџерот Маурицио Почетино не очекува да купува играчи во текот на зимскиот преоден рок, но вели дека е отворен за разговори ако има добри високи понуди.

Најново во Меѓународен Фудбал