ПРОБЛЕМ СЕ ЦРНИТЕ ЛИНИИ?

РАЗОЧАРУВАЊЕ: Ужасен е новиот дрес на Манчестер Јунајтед! (Фото)

На социјалните мрежи денеска се појави новиот дрес на премиерлигашкиот гигант кој би требало играчите да го носат наредната сезона.

објавено: 8 јули 2018 - 14:30

Веќе одредено време се шпекулира околу тоа како би можел да изгледа дресот на „црвените ѓаволи" за следната 2018/2019.

Навивачите на Манчестер Јунајтед не можат да бидат задоволни од сликите кои се објавени пред јавноста. Како и обично „FootyHeadlines" успева да дојде до фотографии на нови дресови, а благо кажано фановите на тимот од „Олд Трафорд" се разочарани.

Новиот дрес изгледа навистина очајно, а до некаде добриот дизајн го уништија црните линии на дното од дресот.

Најново во Меѓународен Фудбал