ВОЈНАТА НА ЗБОРОВИ ПРОДОЛЖУВА

Рајола: Сколс ни во Черчил не би препознал лидер

Еден од најмоќните менаџери во светот на фудбалот Мино Рајола, не можеше повеќе да ги трпи критиките на сметка на својот клиент Пол Погба од страна на Пол Сколс.

објавено: 21 август 2018 - 12:28

По лошата сезона со Манчестер Јунајтед и одличниот Мундијал, сите се прашуваат зошто Погба не може игрите во репрезентацијата да ги пренесе во Манчестер. Мора да се признае оправдани се критиките дека не ги оправда средствата со кој стана најскапо платен фудбалер на Манчестер Јунајтед. Меѓу најголемите критичари е легендата на „Црвените ѓаволи" Пол Сколс.

Мислевме дека ќе биде лидер на овој тим, но тоа не сме го виделе до сега. Има многу лоши натпревари позади него. Неможе да врзе два-три добри натпревари. Ја исфрла топката во аут, некогаш прејако подава, некогаш преслабо, му ја одземаат топката", критикуваше Сколс.

Брзо следуваше одоговорот. И тоа токму од Рајола.
Некој луѓе сакаат да бидат во центарот на јавноста, од страв да не бидат заборавени. Пол Сколс не би препознал лидер ни во случај Винстон Черчил да застане пред него", вели Рајола кој потоа иронично му даде совет на Сколс.

Тој би требало да стане спортски директор и да го советува Ед Вудворд да го продаде Погба. Би имале непреспиени ноќи за да му пронајдат нов клуб на Погба", вели Раиола.

Најново во Меѓународен Фудбал