СЕ ЧИНИ ДЕКА СЕГА МУРИЊО Е НА ПОТЕГ...

ПСЖ ПОНУДИ: Верати и пари за Погба

Светското првенство е во полн ек, но тоа не значи дека спласнаа приказните за трансфери. Еден од најактуелните е потенцијалната селидба на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

објавено: 26 јуни 2018 - 16:30

Веќе со недели се говори за намерата на раководството на ПСЖ да го ангажира најскапиот фудбалер во Премиер лигата, а исто така и за тоа дека Жозе Мурињо не би имал проблем да се откачи од скапоцената ѕвезда. Од враќањето на „Олд Трафорд". Французинот не воодушеви со своите игри, па иако дојде во Манчестер за сума од 105 милиони евра, тоа не значи дека за него не постои интересирање од другите големци.

Наводно, клубот од Париз е подготвен на „црвените ѓаволи" да им го понудат Марко Верати и дополнителен кеш во замена за Погба.
Како сериозни интересенти за неговите услуги се наведуваат и трикратниот европски шампион, Реал Мадрид и Јувентус, од каде францускиот репрезентатиовец и замина за Англија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал