САМО ШТО ПОЧНА СЕЗОНАТА, ПОРТУГАЛЕЦОТ СО ЛАВИНА КРИТИКИ

ПРВ СЕРИОЗЕН ТЕСТ: Ајде сега да те видиме Жозе...!

По само две кола во Премиерлигата, главна тема која остава најсилен впечаток е недоволно силниот Манчестер Јунајтед.

објавено: 27 август 2018 - 17:30

Лестер го добија некако на стартот, но затоа сите нивни грешки, проблеми и тензии испливаа на површината со поразот во Брајтон.

И се разбира Жозе Мурињо целосно незадоволен, но не можеше да го пронајде виновникот. Денеска од 21:00 часот на „Олд Трафорд“, е првиот сериозен тест за Јунајтед, а тоа е пресметката со Тотенхем.

„Ние сакаме да победиме на секој натпревар и да играме добро, но не и да грешиме. Сакам секогаш да се игра победнички, доминантно. Не сум вознемирен од поразот против Брајтон, би биле во иста ситуација и кога би ги победиле сите помали тимови, а да не сме во состојба да ги добиеме овие посилните", се зборовите на „Специјалниот", менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

И за Тотенхем предводен од Маурицио Покетино ова ќе биде прв посериозен тест после двете победи на стартот против Њукасл и Фулам. Но, од друга страна тие го имаат она што Јунајтед нема во моментов - смиреност.

Покетино не донесе никакво засилување и нема проблем околу тоа. Најважно за него беше да ги задржи сите носители во играта и покажа колку доверба има во нив.

Најново во Меѓународен Фудбал