ФА извиси во „судиското продолжение“

Пропадна 600-милионскиот „дил“ за продажба на „Вембли“

Во „пет до дванаесет“ милјардерот ја повлекол понудата, иако се беше договорено. „Вембли“ останува во рацете на ФА.

објавено: 17 октомври 2018 - 20:45

Пропадна продажбата на националниот стадион на Англија, легендарниот „Вембли". Според официјалните информации објавени денеска, пакистанско-американскиот мултимилјардер Шахид Кан се откажал од идејата да го купи стадионот.

На крајот на септември, ФА ја одобри понудата на Кан од 600 милиони фунти и се беше скоро договорено. Се чекаше само непосредно финализирање на договорот, но кога сите го чекаа Кан да дојде и да си подаде рака со првите луѓе на ФА, тој мистериозно ја повлекол понудата.

68-годишниот Шахид Кан е сопственик на англиски Фулам од 2013 година и американскиот НФЛ тим, Џексонвил.

Најново во Меѓународен Фудбал