Откако од Премиер лигата направи машина за пари

Премиерлигашите ќе го наградат директорот на Лигата со 5 милиони фунти!

Скадамор, кој најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот на годината, ќе биде „почестен“ со дури 5 милиони фунти, како благодарност од клубовите за се што направи за лигата во последните 19 години, во кои ја извршуваше функцијата.

објавено: 14 ноември 2018 - 13:00

20-те клуба од Премиерлиграта ќе "донираат" по 250.000 фунти за извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Скадамор, кој најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот на годината. Собраната сума која ќе биде дури 5 милиони фунти ќе му биде врачена на Скадамор како награда за одличната работа во последните 19 години, во кои ја извршуваше функцијата.

Предлогот беше на претседателот на Челзи, Брус Бакс и беше разговаран со другите клубови на вчерашниот состанок, а засега нема приговори за оваа идеја.

59-годишниот Скадамор, чија годишна плата изнесуваше 2,5 милиони фунти, ја презеде функцијата во 1999 година, а во јануари неговото место го презема Сузан Даниела, која ќе стане првата жена што ќе ја предводи Лигата.

Кога беше назначен Скадамор, телевизиските права на Премиер лигата се продадоа за 670 милиони фунти, додека во моментот тие чинат колосални 5,14 милијарди фунти. Тоа е причината зошто клубовите во Англија имаат намера да го наградат Скадамор со по 250.000 фунти.

Најново во Меѓународен Фудбал