ОВА ЛЕТО АНГАЖИРАА ВКУПНО 12 ИГРАЧИ

ПОТРОШИЈА 110 МИЛИОНИ ЕВРА: Фулам никогаш посилен! (ФОТО)

Повратникот во Премиерлигата - лондонски Фулам, очигледно не сака така лесно да се врати брзо во Чемпионшип.

објавено: 12 август 2018 - 18:30

Клупската управа не памети кога била толку многу активна во текот на еден преоден рок, купи дури 12 нови играчи, а на нив се потроени 110 милиони евра, најмногу во историјата на клубот.

На голманската позиција Рико го доведоа за 12 милиони евра, а за четири Фабрио. Потоа, во одбраната дојде бекот од Арсенал, Калум Чемберс, па Менсах од Манчестер Јунајтед, а најскапото дефанзивно засилување е Мосон од Свонси (16,8 милиони евра).

Најскапото засилување го имаат во средниот ред, 30 милиони ги чинеше Жан Мишел Сери од Ница. Во нападот остана Митровиќ кој е откупен, а како позајмица ќе настапуваат Ширле и Вието.

Најново во Меѓународен Фудбал