„ЦРВЕНИТЕ“ ГО РЕШИЈА ЛЕСТЕР

Перфекцијата на Ливерпул на продолжува и покрај глупоста на Алисон (ВИДЕО)

Четвртото коло во Премиер-лигата, го отворија Лестер и Ливерпул, а победата ја донесе тимот на Јирген Клоп славеше со 2-1. 

објавено: 1 септември 2018 - 15:38

Ливерпул ја забележа четвртата победа во низа во Премиер-лигата. Избраниците на Јирген Клоп останаа непоразени и по четвртото коло, на гостувањето кај Лестер славеа со 2-1.

„Црвените“ тргнаа фуриозно, по промашувањето на Салах, во петата минута, Садио Мане погоди за 1-0. На крајот првото полувреме го зголемија водството на 2-0. Фирмино најдобро се снајде по изведениот корнер, со глава ја смести топката во мрежата на домашниот тим. 

Сепак во 63. минута се случи голем кикс, на голманот Алисон, наместо да ја исфрли топката, тој се обиде да му продаде финта, Чезал казни за 2-1. На крајот Ливерпул успеа да ја сочува предноста и да дојде до победата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал