ЗА ПРВ ПАТ ПОСЛЕ ТЕШКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

„Олд Трафорд“ преплавен од емоции, се врати Ферги! (ФОТО)

Како што и се најавуваше претходно, легендарниот Алекс Фергусон присуствува на премиерлигашкиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон, дуел кој започна од 16:00 часот.

објавено: 22 септември 2018 - 17:05

„Малку сум нервозен. Долго време не сум бил овде и убаво е да се вратите", рече Фергусон за клупската телевизија.

Навивачите го поздравија Ферги кога се појави на стадионот, а да додадеме уште дека „црвените ѓаволи" после првото полувреме води со 1:0 со погодокот на Фред од 18. минута.

Најново во Меѓународен Фудбал