Има нов договор

ОФИЦИЈАЛНО: Лук Шо уште 5 години на „Олд Трафорд“

Младиот англиски репрезентативец го прифатил понудениот 5-годишен „дил“ со својот сегашен клуб.

објавено: 18 октомври 2018 - 14:15

Левиот бек на екипата на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, се согласи за нов петгодишен договор со „црвените ѓаволи“. Како што потврдија денеска извори од клубот, со новиот договор младиот англиски репрезентативец во иднина ќе има плата во висина на 150.000 фунти неделно.

Тековниот договор на 23-годишниот англиски интернационалец требаше да истече следното лето и имаше многу шпекулации околу неговото останување на „Олд Трафорд“. Прогресот на Шо оваа сезона, комплетно ја смени сликата за него во тимот на Мурињо, па Португалецот беше еден од оние кои инсистираа Шо да остане во екипата подолго време. 

Најново во Меѓународен Фудбал