Кога не може да најде друг дефанзивец до јануари

Очајниот Мурињо го носи Тери на „Олд Трафорд“?

Мурињо не може и не сака да чека до јануари за да купи нов играч во последната линија. Тери е слободен и може да помогне.

објавено: 6 септември 2018 - 14:45

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, очајно се труди да најде нов играч за централната бековска двојка, па според некои информации како сосема реална опција е доаѓањето на англискиот ветеран Џон Тери на „Олд Трафорд". Неколку англиски весници на големо ја пласираат веста, откако Тери ја има улогата на слободен агент и уште утре може да го засили Јунајтед.

Португалскиот стратег е комплетно незадоволен од дефанзивците кои ги има на располагање и очајно бара решение за ситуацијата. Тери е слободен агент по заминувањето од Астон Вила на крајот на минатата сезона и се уште е без тим.

Мурињо и Тери се блиски од времето кога дефанзивецот беше капитен на "сините" од Лондон.

Најново во Меѓународен Фудбал