ЈИРГЕН КЛОП ВО СВОЈ СТИЛ

Ние уште сме Роки Балбоа, а не Иван Драго!

Ливерпул и Манчестер Сити оваа сезона ќе бидат главни кандидати за титулата во Премиерлигата

објавено: 10 август 2018 - 17:15

„Редси" веќе скоро три децении чекаат на титула. Кога ќе се доближат, некој друг ќе успее да ги престигне низ целта, но оваа сезона тимот од „Енфилд" може да конкурира за врвот.

Ова лето дојдоа Алисон, Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири, а пред стартот на новата сезона своите очекувања ги сподели менаџерот Јирген Клоп.

„Планот е да се бориме за титулата. Сакаме да бидеме шампиони. Манчестер Сити го брани трофејот, не загуби ниту еден играч, го доведоа Марез. Ние уште сме Роки Балбоа, а не Иван Драго. Ние треба да бидеме тие кои мораат да даваат повеќе и да се борат повеќе, и тоа мора да биде нашиот став. Направивме еден тим за почит оваа сезона, одиме чекор по чекор, мораме да бидеме подготвени за борба", рече Клоп, менаџерот на Ливерпул.

„Црвените" ја отвораат сезоната со натпреварот против Вест Хем на „Енфилд" в недела од 14:30 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал