ЗАПОЧНУВААТ ВОЗБУДУВАЊАТА ВО НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

Нема да поверувате кој е прв фаворит за отказ во Премиерлигата!

Денеска ќе започне официјално новата натпреварувачка сезона 2018/2019 во најсилната англиска фудбалска лига.

објавено: 10 август 2018 - 19:30

На стадионот „Олд Трафорд" со почеток од 21:00 часот Манчестер Јунајтед ќе го пречека тимот на Лестер Сити.

„Црвените ѓаволи" имаат проблеми со повредени играчи, тука се Далот, Матиќ, Рохо, Ромеро, Валенсија кои според најавите нема да играат, а под знак прашалник се Бејли и Ерера.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед не прекинува да ја забавува јавноста со своите изјави. Откако во текот на летните подготовки жестоко ја критикуваше управата која не му ги донесе посакуваните засилувања, неколку пати го „боцна" Јирген Клоп кој ова лето потроши големи пари, но и доведе засилувања.

Дел од навивачите на овој клуб сметаат дека Португалецот бара само алиби, други едноставно не се задоволни од неговата работа, а трети посакуваат заминување од клупата.

Дека нешто се случува покажуваат и обложувалниците според кои прв фаворит за добивање отказ во новата премиерлигашка сезона е португалскиот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо. Значи, истиот оној Мурињо кој отказ добил само еднаш во кариерата, сега е прв на неславната листа која често знаела да биде точна.

Најново во Меѓународен Фудбал