ТОА Е МЕСТОТО

На Шмајхел му е убаво во Лестер, останува до 2023 година

Каспер Шмајхел ја продолжи соработката со „лисиците" за уште пет години.

објавено: 1 септември 2018 - 09:30

Согласно со тоа во некогашниот англиски првак ќе остане се до летото 2023 година.

Како што се наведува на клупскиот сајт на Лестер, Каспер Шмахјел беше важен дек од тимот од кога дојде во 2011 година. Досега настапил на 298 средби, и успеа да стане еден од најдбрите голмани во Премиер лигата.

„Многу сум задоволен што ќе бидам овде уште долго време. Поголем дел од својата кариера го поминав во Лестер, и имав некои неверојатни моменти тука. Се надевам дека ќе ги има уште. Лестер е мојот дома. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои ми пружаат подршката, но и на сопствениците и на управата на клубот"- рече Шмајхел по потпишувањето на новиот договор.

Денеска Лестер го дочекува Ливерпул во натпревар од 4. коло, кој стартува од 13.30 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал