КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО

НА ЧЕКОР ОД ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ: Ќе биде ова еден од најголемите летни трансфери!

Жозе Мурињо сериозно се засилува за наредната сезона.

објавено: 18 јуни 2018 - 13:00

Одличниот Бразилец Фред и младиот Диего Дало веќе потпишаа, а наскоро се најавува уште едно големо засилување.

Станува збор за бразилскиот репрезентативец Вилијан кој веќе соработуваше со португалскиот стратег во редовите на Челзи.

Токму Мурињо го доведе Вилијан на големата сцена, кога го откупи од рускиот Анжи, тогаш уште менаџер на лондонските „сини".

Сега Португалецот повторно сака да ја активира соработката со фантастичниот играч за врска во нападот, а сигурно и фудбалерот не би имал ништо простор, со оглед на тоа што кај Конте воглавно се наоѓа помеѓу резервите.

Како што пренесуваат англиските медиуми, „Специјалниот" за Вилијан ќе испрати тешка понуда од 70. милиони евра. Да потсетиме, тој се обиде веќе минатата зима да го доведе на „Олд Трафорд", можеби ова лето ќе му се посреќи.

Најново во Меѓународен Фудбал