ТОТЕНХЕМ ТРИУМФИРАШЕ ВО ДЕРБИТО НА КОЛОТО (0-3)

МУРИЊО, САМ СИ БАРАШ ОТКАЗ: „Ѓаволите“ изгореа во сопствениот пекол! (ВИДЕО)

Вечерва со натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем заврши третото коло во најквалитетната англиска лига.

објавено: 27 август 2018 - 23:02

После стартниот триумф над Лестер и неочекуваниот пораз на гости кај Брајтон, следуваше нов шок за тимот на Жозе Мурињо.

На стадионот „Олд Трафорд" избраниците на португалскиот менаџер беа убедливо поразени од оние на Покетино со 0:3.

Сите погодоци се случија во второто полувреме, Кејн во 50. минута ја започна гол-серијата, а двапати во листата на стрелците се запиша Лукас.

Во првото полувреме еден интересен податок, за 35. минути Јунајтед создаде шест шанси против Спарси, а против Брајтон севкупно имаа само четири, што секако беше позитивен момент за „црвените ѓаволи".

Лукаку во текот на мечот можеше да се прослави, украде една топка, го избегна голманот, пред себе имаше празна мрежа, но не ја искористи таа стопроцентна шанса.

Кејн е првиот играч на Спарси што постигнал премиерлигашки гол на „Олд Трафорд" од 2014-та кога тоа му успеа на Кристиан Ериксен.

За Покетино ова е прва победа на „Олд Трафорд", јубилејна 200 на клупски план. Вкупно 124 триумфи како менаџер на Тотенхем, 53 со Саутемптон и 23 како тренер на Еспањол.

Јунајтед за прв пат доживеа пораз од плус три разлика на свој терен во било кое натпреварување од март 2014. година од дуелот со Манчестер Сити (3:0).

Табела (Премиерлига, после три кола):

1.Ливерпул 9 бодови
2.Тотенхем 9
3.Челзи 9
4.Вотфорд 9
5.Манчестер Сити 7
--
13.Манчестер Јунајтед 3

Најново во Меѓународен Фудбал