ПОРТУГАЛЕЦОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА НАВИВАЧИТЕ

Мурињо како „Хабиб“: Почит, ве молам, со вас освоив три титули! (ФОТО+ВИДЕО)

Дербито денеска во Премиерлигата заврши на „Стемфорд Бриџ" без победник (2:2) помеѓу екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед.

објавено: 20 октомври 2018 - 16:39

„Црвените ѓаволи" беа многу блиску до триумфот, но во 96. минута Баркли им донесе бод на лондонските „сини". Повеќе прочитајте ТУКА

Веднаш после голот на Баркли, неизмерна радост на играчите и менаџерот Сари, а непосредно пред клупата на Јунајтед влета еден навивач на Челзи кој најверојатно провоцираше кон Жозе Мурињо кој бурно реагираше и малку недостасуваше да влезе во физички судир, но навремено реагираше обезбедувањето и останатите членови од двете екипи.

Португалецот најпрви им аплаудираше на навивачите на Јунајтед за поддршката, а потоа ги потсети фановите на Челзи дека со нив успеа да освои три премиерлигашки титули.

„Дали денеска добив почит? Мислам дека не! Јас имам одредено ниво на образование, социјално и спортско. Она што го направив тука денес, ќе го направам еден ден во Мадрид, Порто и Милан. Реакцијата на фановите зависи од нив, а не од мене. Ова е лош резултат за нас, а феноменален за Челзи", рече Мурињо.

Португалецот имаше и свој коментар за судијата Мајк Дин:

„Се надевам дека секој судија го прави истото како Мајк Дин, да продолжи шест минути. Нормално, кога јас губам, никогаш немам пет, шест или седум минути"

Најново во Меѓународен Фудбал