ПРЕМИЕРЛИГА - „ТОПЧИИТЕ“ ПОДОБРИ ОД ЧЕЛЗИ НА „ЕМИРАТИ“

Моќни три бода за Арсенал, станува пеколна борбата за ЛШ! (ВИДЕО)

Арсенал во дербито на 23. коло во англиската Премиерлига на „Емирати" го пречека градскиот ривал Челзи и славеше победа со резултат 2:0.

објавено: 19 јануари 2019 - 20:51

Одличен меч одигра тимот на Унаи Емери и на крајот запиша три бода со кои целосно се враќа во игра за пласман во Лигата на шампионите. Офанзивно „топчиите" влегоа во натпреварот, а таквата игра им се исплати во 14. минута кога Александр Лаказет погодува за предност од 1:0.

После примениот погодок како да се „разбудија" лондонските „сини" кои тргнаа нешто понапаѓачки, имаа неколку шанси меѓу кои и стативата на Маркос Алонсон, но не дојдоа до гол.

Затоа Арсенал во 39. минута со доста среќа дојде до вториот гол. Лорен Кошелни стрелаше за 2:0 и голема позитива на „топчиите".

Сега на табелата Арсенал се израмни со Манчестер Јунајтед по 44 бодови, а пред нив е Челзи со 47 после четвртиот пораз сезонава.

Најново во Меѓународен Фудбал