„Лисиците“ го обезбедија дефанзивецот

Мегваер останува во Лестер до 2023 година

Хари Мегваер денеска и официјално ставил потпис на нов договор со „лисиците" со важност до 2023 година.

објавено: 9 септември 2018 - 18:40

По сета бркотница околу неговото останување или заминување од Лестер, Хари Мегваер, сепак, се реши за првото. Тој денеска и официјално ставил потпис на нов договор со „лисиците" со важност до 2023 година.
Мегваер се пресели во Лестер минатото лето и беше прогласен за најдобар играч на тимот минатата сезона.

На крајот од Светското првенство во 2018 година, беше објавено дека Манчестер Јунајтед е подготвен да потроши импресивна сума за да го добие 25-годишен дефанзивец, но Лестер одби да разговара на оваа тема.

Најново во Меѓународен Фудбал