ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕ СПАСИ

Лукаку му го чува грбот на Мурињо, Јунајтед победи (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го доби гостинскиот дуел со Барнли (2-0), а со тоа Жозе Мурињо остана на клупата на англскиот тим. Ватфрод заедно со Ливерпул и Челзи, по четвртото коло во Премиер-лигата остануваат непоразени. 

објавено: 2 септември 2018 - 18:53

Манчестер Јунајтед го доби гостинскиот дуел со Барнли (2-0), а со тоа Жозе Мурињо остана на клупата на англскиот тим. Според тамошните медиуми, ова беше меч кој одлучуваше за судбината на португалскиот стручњак. 

Белгијскиот репрезентативец, Ромелу Лукаку му го донесе посакуваниот триумф на Мурињо и Јунајтед, по двата порази во низа. Во 27. минута на асистенција на Санчез погоди за 1-0, а пред крајот на првото полувреме зголеми на 2-0. „Црвените ѓаволи“ имаа шанса да дојдат до поубедлив триумф, во 69. минута Погба промаши од белата точка.

Во 71. минута, Јунајтед остана со играч помалку, поради неспортско однесување Рашворд заработи црвен картон.  

Тотенхем пак го запиша првиот пораз сезонава, на гостувањето кај Ватфорд беше поразен со 2-1.За домашниот тим ова беше четврта победа во низа, заедно со Ливерпул и Челзи го одржат првото место на табелата во Премиер-лигата. 

Најново во Меѓународен Фудбал