НОВА ПОБЕДА НА ЛОНДОНСКИТЕ „СИНИ“ ПРЕДВОДЕНИ ОД САРИ

ЛУДНИЦА на „СТЕМФОРД БРИЏ“: Челзи го казнуваше Арсенал! (ВИДЕО)

Во дербито на второто коло од Премиерлигата составот на Челзи на домашен терен со резултат 3:2 успеа да го совлада Арсенал.

објавено: 18 август 2018 - 20:40

Уште во првото полувреме видовме четири погодоци на натпреварот одигран на „Стемфорд Бриџ". Најпрвин поведоа лондонските „сини" преку Педро (9.) и Мората (20. мин.)

За период од четири минути пред паузата избраниците на менаџерот Унаи Емери дојдоа до израмнување благодарение на Мхитарјан (37.) и Ивоби (41.)

Конечниот епилог во оваа пресметка за втора победа сезонава, а втор пораз на спротивната страна го постави Алонсо во 81. мин. после асистенцијата на Азар.

Во останатите мечеви од саботната програма: Кардиф-Њукасл 0:0, Евертон-Саутемптон 2:1, Лестер-Вулверхемптон 2:0, Тотенхем-Фулам 3:1, Вест Хем-Борнмут 1:2.

Најново во Меѓународен Фудбал