ЛИДС ЈУНАЈТЕД ДОБИ НОВ ТРЕНЕР

„Лудакот“ ќе го тренира Алиоски

Сега и официјално. Марсело Биелса е новиот тренер на Лидс Јунајтед

објавено: 15 јуни 2018 - 16:37

Марсело Биелса, тренерот познат по своите необични методи на работа и строгост е новиот менаџер на Лидс Јунајтед. Чилеанецот кон крајот на минатата сезона доби отказ во Лил откако комплетно го „растури" сега ја прифати понудата на клубот од Јоркшир и ќе се обиде да го врати во најсилната англиска лига.
Тоа значи дека Лидс петта сезона по ред ја почнува со нов тренер. Можеби овој ќе им се погоди.
„Кога Лидс, клубот со богата историја и традиција, ќе те повика, не можеш да кажеш не", е коментарот на Биелса познат по прекарот „Лудак".

Најново во Меѓународен Фудбал