ВТОР, НЕДЕЛЕН ДЕЛ ОД ПРВОТО КОЛО ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Ливерпул многу добар „четири": Стариџ влезе и за 15 секунди даде гол (ВИДЕО)

„Црвените" без особени проблеми славеа со убедливи (4:0) во дуелот со Вест Хем

објавено: 12 август 2018 - 16:31

Претходно два гола даде Мане, еден Салах, но сепак , раритет на овој прв меч во сезоната на "Енфилд" беше голот на резервистот кај Ливерпул, Даниел Стариџ.

Бувкално, само што влезе во игра, не поминаа ниту дваесетина секунди, а Стариџ го искроисти уфрлувањето од левиот корнер за да ја спроведе топката во мрежата на „чекичарите" и да го потврди стартниот триумф ма „црвените".
На вториот попладневен неделен меч, немаше голови. Саутемптон и Барнли покажаа дека се далеку од натпреварувачка форма (0:0).
Од 17 часот пак е големото дерби на стартот на сезоната во Премиер лигата, на „Емирејтс" Арсенал го пречекува првакот Манчестер Сити.

РЕЗУЛТАТИ: Ливерпул – Вест Хем 4:0, Саутемптон - Барнли 0:0

 

Најново во Меѓународен Фудбал