РЕДСИ СЛАВЕА ВО ЛОНДОН ЗА ДВА ОД ДВА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА (0-2)

ЛИВЕРПУЛ ЧЕКОРИ СО СИТИ: Милнер и Садио Мане за радост на „црвените“ во Лондон! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул ја запишаа и втората победа на стартот од Премиерлигата, а во второто коло како гости го совладаа Кристал Палас со 2:0.

објавено: 20 август 2018 - 23:15

Првиот гол на мечот го постигна Џејмс Милнер од пенал во 45. минута. Покрај тоа, Ливерпул во последните 15 минути играше со фудбалер повеќе, откако кај домаќините исклучен беше Ван-Бисака.

Конечниот резултат беше поставен во 93. минута, кога во контра Египќанецот Салах му асистираше на Мане и стрелаше во домашната мрежа.

Кристал Палас играше добро во поголемиот дел од мечот, пропушти неколку шанси за погодок, но на крајот без реализација.

Премиерлига, 2. коло (резултати):

Кардиф-Њукасл 0:0
Вест Хем-Борнмут 1:2
Тотенхем-Фулам 3:1
Лестер-Вулверхемптон 2:0
Евертон-Саутемптон 2:1
Челзи-Арсенал 3:2
Манчестер Сити-Хадерсфилд 6:1
Банрли-Вотфорд 1:3
Брајтон-Манчестер Јунајтед 3:2
Кристал Палас-Ливерпул 0:2

Табела:

1.Манчестер Сити 6 бодови
2.Ливерпул 6
3.Челзи 6
4.Вотфорд 6
5.Тотенхем 6
--

ТОП СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ ДВЕ КОЛА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА (2018/19):

-Агуеро (Манчестер Сити) 3 голови
-Мане (Ливерпул) 3
-Ришарлисон (Евертон) 3
-Вилсон (Борнмут) 2
-Педро (Челзи) 2
-Перејра (Вотфорд) 2
-Погба (Манчестер Јунајтед) 2

Најново во Меѓународен Фудбал