БАРАЛЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА ПОДГОТОВКА НА МЕЧОТ

ЛИДС ГО ДРМА ШПИУНСКА АФЕРА, а Биелса го признава „гревот" (ВИДЕО)

Необични вести стигнуваат од Англија, на неколку часа пред одигрувањето на дуелот помеѓу Лидс и Дерби Каунти.

објавено: 11 јануари 2019 - 21:55

Клубот од Лидс е обвинет за шпиунирање на противникот, а менаџерот Марсело Биела потоа и ги призна обвиненијата. како што потврдија од Дерби Каунти, оваа недела во нивниот тренинг центар едно лице се обидело да влезе во клупскиот комплекс како би собрал информации кои би можеле да му помогнат на Лидс во подготовката на натпреварот.

Дерби ги обвини ривалите за шпиунирање, откако било утврдено дека лицето кое се „мотало" околу нивните терени е вработен во Лидс.
На информациите за сомнителната личност реагирала и локалната полиција, но „шпиунот" на Лидс не бил уапсен, затоа што немало никаква основа за тоа. Од Дерби соопштиле дека поради инцидентот е контактирана и управата на Лидс, за оваа спорна ситуација биде расчистена.

 Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, непосредно пред самиот меч признал дека испратил човек за тоа, и дека ја сноси целосната одговорност.

„Точно е, тоа беше некој од Лидс, јас сум одговорен за овој инцидент. Не е битно дали е според законот или не е. Дали е исправно или погрешно. За мене е доволно што Френк Лампард и Дерби почувствуваа дека тоа е погрешно. А и јас знам дека тоа не е добро однесување. Разговаравме со Лампард и ми рече дека не сум се духот на фер-плејот. Јас имам поинакво мислење, но битно е што за тоа мислат Лампард и Дерби. Јас сум единствениот одговорен, затоа што не го прашав клубот, да го испратам тоа лице на тренинг на Дерби. Не сакам да барам оправдување. Но таа практика ја користам уште од квалификциите за Светското првенство со Аргентина. Тоа не е незаконито, тоа го работевме јавно, говоревме за тоа и во медиумите. За некои тоа е погрешно, за некои и не е"- рече Биелса.

 

Најново во Меѓународен Фудбал