ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА ЈУНАЈТЕД

Лампард: За ова треба да имаш мадиња (ВИДЕО)

Френк Лампард ја оствари најголемата победа како тренер, неговиот Дерби по изведување на пенали го елиминираше Манчестер Јунајтед од „Карабао Купот“. 

објавено: 26 септември 2018 - 09:00

Второлигашот Дерби приреди сензација во „Карабао Купот“ го елиминираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ по изведување на пенали. Легендата на Челзи и некогашен англиски репрезентативец, Френ Лампард по големата победа очекувано беше задоволен од играта на своите момци. 

„Немаше да им замерам на моите играчи и да загубивме по пенали бидејќи игравме без страв. Не дојдовме да се браниме, ја чекавме својата шанса. Губевме со 1-0 по само три минути игра што пак е тешко, момците можеа да се сомневаат во себе, но тоа не се случи. Ја земавме топка, одбраната стоеше високо, се обдовме да играме. Имавме самодоверба и мадиња за таков начин на игра“, изјави Лампард, кој заедно со фудбалерите по завршување на мечот со своите фанови ја прославија победата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал