ДЕРБИ ПО ПЕНАЛИ ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ЈУНАЈТЕД

Лампард му одржа лекција на Мурињо (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед е елиминиран од Лига Купот, откако на „Олд Трафорд" загуби од второлигашот Дерби Каунти на пенали со 1-2.

објавено: 25 септември 2018 - 23:23

Уште еден голем удар за Манчестер Јунајтед, овој пат понижувачки. Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ доби лекција од Френк Лампард и неговиот Дерби, по изведување на пенали ги елиминираа „црвените ѓаволи“ од Карабао Купот (1-2).

Без Алексис Санчез, Пол Погба и Давид Де Хеа во првиот состав, на Јунајтед му тргна според планот, во третата минута поведе со 1-0. По одморот следеше фантастична партија на Дерби, Вилсон израмни на 1-1 во 59. минута. Пред крајот на мечот Мериот ги шокираше фановите на Манчестер, погоди за водство, но Фелаини во судиското надополнување со глава го надмудри Карсон се избори за пенали. 

Изведување на ударите од 11 метри заврши со 7-8, Фил Џоунс промаши во осмата серија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал