ЖОЗЕ МУРИЊО ЗАПОЧНА СЛАБО ВО НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

Кантона знае кој е вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!

Ерик Кантона вели дека португалскиот менаџер не е вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед и многу повеќе би го преферирал Пеп Гвардиола, па дури и самиот себеси.

објавено: 10 септември 2018 - 12:00

„Ми се допаѓа Мурињо, добра личност, но не и за Јунајтед. Треба да го имаат Пеп Гвардиола како тренер", изјави поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона.

Вели дека Шпанецот треба да го води тимот од „Олд Трафорд", но тој сега реди успеси со Манчестер Сити.

„Се наоѓаме во раната фаза од сезоната. Манчестер Јунајтед е одличен клуб и секогаш ќе биде. Ќе победуваат, но нивниот начин на игра не е добар. Погрешно се водат фудбалерите и затоа се незадоволни навивачите. Не е забавно, нема креативност", додаде 52. годишниот Кантона

Французинот со „црвените ѓаволи" своевремено четири пати ја освојуваше Премиерлигата, три трофеи во ФА „Черито Шилд" и два во ФА Купот.

Најново во Меѓународен Фудбал