ТРГНА ПРЕМИЕРЛИГАШКОТО ШОУ, ПОГБА БЛЕСНА НА „ТРАФОРД“ (2-1)

ЈУНАЈТЕД НЕ МОЖЕ БЕЗ ДРАМА: „Ѓаволите“ поитри од „лисиците“! (ВИДЕО)

Вечерва официјално на „Олд Трафорд" стадионот започна новата натпреварувачка сезона 2018/19 во најквалитетната англиска фудбалска лига (Премиерлига).

објавено: 10 август 2018 - 23:10

Екипата на Манчестер Јунајтед пред своите гледачи стартуваше со минимален триумф од 2:1 против тимот на Лестер.

„Црвените ѓаволи" поведоа уште во третата минута од пенал преку францускиот репрезентативец Погба кој ја имаше капитенската лента.

Во финишот најпрвин предноста ја зголеми Шо после асистенцијата на Мата, а првиот пораз на популарните „лисици" го ублажи Варди.

Премиерлига (2018/19)
1. коло.

Петок
Манчестер Јунајтед-Лестер 2:1 (Погба 3' пенал, Шо 83'/Варди 90+2)

11. август, сабота (13:30 ч.)
Њукасл-Тотенхем

(16:00 ч.)
Борнмут-Кардиф
Фулам-Кристал Палас
Хадерсфилд-Челзи
Вотфорд-Брајтон

(18:30 ч.)
Вулверхемптон-Евертон

12. август, недела (14:30 ч.)
Ливерпул-Вест Хем
Саутемптон-Барнли

(17:00 ч.)
Арсенал-Манчестер Сити

Најново во Меѓународен Фудбал