Во Англија вакви пропусти не се простуваат

Ја заборавил паричката, па почетниот удар го одредил со „лист, камен, ножички“

Три неделна суспензија за англискиот судија кој сред тв-пренос на меч од женската Премиерлига сфатил дека нема паричка за да го одреди почетниот удар на мечот Манчестер Сити - Рединг, па морал да бара алтернатива.

објавено: 14 ноември 2018 - 12:00

Англиски судија е суспендиран на три недели откако си ја заборавил паричката со која се одредуваат страните и почентната топка на натпревар од женската Премиер лигата на Англија. Станува збор за судијата Дејвид Мекнамара, кој откако увидел дека му ја нема монетата во џебот, решил проблемот да го реши со популарната детска игра: „Лист, камен, ножички“.

Потегот на Мекнамара пред дуелот меѓу женските тимови на Манчестер Сити и Рединг на 26 октомври, беше причина ФА да соопшти дека го "прифатила обвинението“ против судијата, кој не постапил во интерес на играта.

Монетата која се фрла за да се одлучи стартот е услов според правилата на играта. Директорот на фудбалските судијки во ФА, Џоана Стимсон, изјави дека грешката на Мекнамара била "момент на лудило".

„Судијата ја заборавил монетата и во момент на пренос на телевизија, тој навистина бил притиснат од времето. Требал да биде повеќе подготвен, морал да има паричка. Беше разочарувачки, не е соодветно, и е крајно непрофесионално".

Најново во Меѓународен Фудбал