СЕ РАСПУКАА „ТОЧНО НА ВРЕМЕ“

Има муниција тимот на Унаи Емери

Арсенал најде решенија за одбраната на Вест Хем, и славеше со сигурни (3:1) против „чеканите"

објавено: 25 август 2018 - 18:10

Требаше Марко Арнаутовиќ да постигне гол, па тој момент од 25.минута да ги натера фудбалерите на Арсенал да заиграат многу посериозно во дуелот со Вест Хем. За кратко време, нецели пет минути, Начо Монреал го дигна „Емирејтс" на нозе, донесе израмнување (1:1).

Егал резултат во лондонското мини-дерби беше до 70.минута од играта кога Диоп си постигна автогол. А сите дилеми околу побединкот со еден прекрасен гол ги тргна Дени Велбек, во втората минута од судиското продолжение за сигурни (3:1).
Уште поважен триумф, затоа што е извојуван на гостинскми терен извадија фудбалерите на Лестер.
„Лисиците" како гости го добија Саутемптон со (2:1).
И тоа со пресврт, затоа што откако во 52. минута Бертранд ги донесе домаќините во водство, четири минути подоцна израмни Греј. А трите бода ги донесе Мегваер, исто така во втората минута од судиското надополнување на времето.
На другите два натпревари, две нерешени игри.
Евертон не ја искористи фаворитската улога против Бурнемаут (2:2), додека Кардиф одолеа на притисоците на Хадерсфилд (0:0).
Од 18.30 часот играат Лиуверпул и Брајтон, а некој час порано, Вулверхемптон одолеа во дуелот со шампионот Манчестер Сити, извади нерешени (1:1).
.

РЕЗУЛТАТИ
Арсенал – Вест Хем 3:1 Бурнемаут – Евертон 2:2, Хадерсфилд – Кардиф 0:0 Саутемптон – Лестер 1:2, порано одиграно: Вулверхемптон – Манчестер Сити 1:1,

Најново во Меѓународен Фудбал